И покрај пандемијата со коронавирусот, СДСМ континуирано работи на реализација на бројни инфраструктурни проекти во Градот Скопје. Посветениот и плански пристап на локалната власт во Град Скопје предводена од градоначалникот Петре Шилегов му дава на Градот нов, урбан лик, со постојан развој и инфраструктурно уредување, изјави Бојана Ацева, советничка на СДСМ од Советот на општина Кисела Вода.
-Се наоѓаме на улицата Востаничка во општината Кисела Вода, чија реконструкција се изврши на потегот од улицата Црниче до улицата Свети Наум Охридски. На делницата долга 1.100 метри се обновени коловозот и рабниците, а се реконструирани и тротоарите со замена на бекатон-плочките.
Истовремено, на улицата Востаничка беше обновена и водоводната мрежа и беа изработени нови 76 приклучоци во водоводната мрежа за да се обезбеди континуирано и квалитетно водоснабдување.
Улицата Востаничка е продолжение на улиците Бихаќка и Црниче кои беа реконструирани минатата година. СДСМ како на локално така и на централно ниво постојано работи и вложува во упаредувањето на патната инфрастурктура. Обезбедуваме посигурен и побезбеден сообраќај за сите граѓани.
Во период што предстои посветено продолжуваме да вложуваме во развојот на инфраструктурата во општина Кисела Вода и Град Скопје.
Градиме по план во интерес на сите граѓани. работиме уште повеќе за да биде уште подобро.