Денеска со жрепка беа извлечени полуфиналните двојки за завршниот турнир од сеуште недоиграната сезона 2019/20 година во машката ракометна Лига на шампионите кој ќе се одржи на 28-29 декември во Келн. Барселоа ќе се соочи со ПСЖ, а Веспрем со Кил. Победниците од овие натпревари ќе играат во финалето за да го симнат од европскиот трон македонскиот и сеуште актуелен европски првак Вардар.
Поради пандемијата предизвикана од коронавирусот дојде до поместување на завршниот турнир од ЛШ, а беа откажани и елиминаторните мечеви од осминафиналето и четвртфиналето во изминатата сезона 2019/20. Вардар не доби шанса да го брани трофејот на паркетот, бидејќи ЕХФ одлучи местаат на завршниот турнир да им ги додели на првопласираните две екипи од двете групи по лигашкиот дел: Барселона, ПСЖ, Кил и Веспрем.
Вардар кој се пласира во сминафиналето требаше да игра прптив унгарскиот Пик Сегед.
.Македонскиот ракомет и на оваа завршница ќе има свој претставник во Келн, каде ќе настапи репрезентативецот Дејан Манасков во дресот на Веспрем.