Бугарскиот премиер, Бојко Борисов соопшти дека добил негативен резултат на вториот ковид-тест, и дека веќе го пречекал македонскиот премиер, Зоран Заев на Самитот на Берлинскиот процес во Софија.
„Негативен сум на Ковид-19, покажа вториот последователен тест. Во согласност со наредбите на здравствените власти, ќе го го одржам Самитот на Берлинскиот процес,чии домаќини годинава се двете држави“, напиша Борисов.
I welcomed the Prime Minister of the Republic of North Macedonia @Zoran_Zaev in Sofia, where is about to begin the #BerlinProcessSummit, that this year is hosted by the two countries 🇧🇬🇲🇰 #SummitinSofia2020 pic.twitter.com/M0vGQVDwBT
— Boyko Borissov (@BoykoBorissov) November 10, 2020
Борисов и Заев денеска ќе претседаваат со Самитот на Берлинскиот процес, кој заради пандемијата со Ковид-19 ќе се одржи преку видео конференциска врска. На Самитот ќе учествуваат германската канцеларка Ангела Меркел, на чија иницијатива започна и се спроведува Берлинскиот процес, претставник на Европската Комисија, генералната секретарка на Регионалниот совет за соработка Мајлинда Брегу и директорот на Секретаријатот на ЦЕФТА Емир Џикиќ.
На пленарната сесија на Самитот се очекува да учествуваат лидерите на земјите од Западен Балкан, како и заменик-претседателот на Европската комисија Жозеп Борел и еврокомесарот за соседство и проширување Оливер Вархеји.