Каракачанов тврди дека бугарската страна не отстапила на никаков начин од своите позиции

Долго траеле разговорите на македонската и бугарската делегација денеска во Софија, но никој не се помрднал од своите позиции, изјави бугарскиот министер за одбрана Каракачанов. Тој вели дека Бугарија само ги врачила своите барања и дала рок до петок.

“Им објаснивме на нашите колеги од Република  Македонија дека не можеме да направиме никаков компромис за прашањата поврзани со бугарската историја,  со идентитетот на бугарските херои и со идентитетот на целиот нејзин народ, кој е дел од општата историја. Од тука натаму се е во рацете на колегите во Скопје. Макар и неколку денови до крајот на процесот, до петок, брзо да корегираат се што пропуштиле во моментот. И да видиме дали тоа е доволно да почнат преговори со Северна Македонија. Но за да нема никакви сомнежи, бугарската страна нема намера и не отстапи на никаков начин ниту точка од рамковната позиција од октомври минатата година. Мислам дека се промени една работа. Тие разбраа дека Бугарија не води некаква политика на инат, туку води принципиелна политика. Втората работа, која ја разбраа е дека Бугарија е суверена држава, која има свое достоинство, своја суверена и независна политика и на нејзе не влијаат ставовите на една или друга европска или светска престолнина. За жал, тоа го разбраа малку доцна, но пак ќе кажам, подобро е доцна отколку никогаш” – изјави Каракачанов.

Треба да знаете
Последни објави