Лесли Одом Џуниор сподели радосна вест

Ѕвездата на Бродвејскиот хит „Хамилтон“ Лесли Одом Џуниор и сопругата Николет Робинсон објавија дека го очекуваат нивното второ дете.

Лесли (39) во понеделникот на социјалните мрежи ја откри убавата вест дека парот чека второ дете, и сподели албум семејни фотографии.

„Овде има многу причини за славење. И многу причини за надеж “, напиша Лесли во описот.

На фотографиите се гледа актерот, сопругата Николет (32)  и тригодишната ќерка Лусил.

Треба да знаете
Последни објави