Албанија ќе формира посебна парламентарна анкетна комисија во врска со извештајот на Дик Марти за т.н. „жолта куќа”.
Ова го најави со своето барање генералниот секретар на владејачката Социјалистичка партија и координатор на пратеничката група, Таулант Бала.
Според него целта на оваа комисија е да ги разјасни истрагите во врска со наводите за нехуман третман и трговија со човечки органи на Косово.
-Врз основа на неодамнешните дебати во медиумите и пошироко, на многу важно прашање за јавноста, домашната и странската јавност во врска со извештајот на Дик Марти, презентиран пред Парламентарното собрание на Советот на Европа, на која беше одобрена Резолуцијата „Истраги за наводите за нечовечко постапување и нелегална трговија со човечки органи на Косово”, процес инициран Константин Косачев, претставник на Руската Федерација, Европската демократска група барам формирање посебна анкетна комисија, сто меѓу другото во барањето на Бала.
Барањето е доставено до законодавниот дом и повеќе од сигурно дека истото ќе биде подржано имајќи го во предвид бројот на пратениците од редовите на владејачкото мнозинство.
По подигнувањето на обвинеијата за водачитен на ОВК од страна на трибуналот во Хаг, меѓу албанските сегашни и поранешни функционери и лидери на партии се разви дебата на меѓусебно обвинување за тоа кој е поголем виновник што денес во Хаг се „луѓето кои се бореле за слобода на Косово”.
Премиерот Еди Рама неколкупати јавно ги праша Сали Бериша и Илир Мета зошто гласаа за извештајот на Дик Марти пред Советот на Европа а Љуљзим Баша директно го обвини дека ја помагал истрагата на Марти.
Од друга страна, опозицијата појасни дека претходната влада никогаш не гласала за извештајот на Дик Марти, туку за резолуција со која се бара истрага за прашањата покренати во тој извештај со кои се инкриминирала ОВК и оти нејзина цел била да се докаже праведната војна на ОВК.