БиХ бележи 1.605 ново заразени и 46 починати лица од коронавирусот

Во Босна и Херцеговина се потврдени 1.605 нови случаи на зараза со коронавирусот, а 46 заразени лица починале како последици од компликации во последните 24 часа, според податоците кои ги доставиле ентитетските заводи за јавно здравство и од дистриктот Брчко.

Од понеделникот биле тестирани повеќе од 5.400 примероци, што е најмногу во еден ден од избувнувањето на епидемијата во март, а заразата е потврдена кај 1.123 лица од Федерацијата БиХ и кај 475 од Република Српска. Уште седум заразени лица се од подрачјето на Брчко.

Бројот на новозаразените е близу минатонеделниот просек, но бројот на починатите чијашто смрт се поврзува со коронавирусот бележи постојан раст.

Во болниците во Федерацијата БиХ од понеделникот починале 29 луѓе, а во Република Српска 16 лица. Уште еден смртен случај е пријавен во дистриктот Брчко.

Властите во Федерацијата БиХ најавуваат воведување дополнителни мерки на ограничувања, за да се обидат да го спречат ширењето на заразата, а со тоа и притисокот врз здравствениот систем кој е оптоварен. Во Република Српска, засега, не се најавени нови рестриктивни мерки.

Бројот на потврдените случаи на зараза со короанвирусот во БиХ од почетокот на епидемијата се поголем од 65.000 со спроведени над 347.000 тестирања. Досега починале 1.630 лица кои биле заразено со вирусот.

Треба да знаете
Последни објави