Македонскиот ракометен репрезентативец Кирил Лазаров иако има 40 години игра на висок ниво. Тоа го потврди ЕХФ по првите две одиграни кола од кавлифиакциските групи за пласман на ЕП-2022, прогласувајќи го искусниот ракометен интеранционалец Лазаров за МВП во овие две рунди.
Лазаров првите два меча во државниот дрес кои Македонија ги реши во своја корист ги одбележа со ефикасна игра. Постигна 11 голови против Финска и шест против Швајцарија, и со вкупно 17 постигнати погодоци е најефикасен заедно со Финецот, Гранлунд.
Лазараов е најзаслужниот поединец за двете победи на Македонија, против Финска со 33:24 и против Шајцарија со 25:23.
Age does not affect King @LazarovKiril7 👑! Our MVP of the #ehfeuro2022 Qualifiers Round 1 + 2! 🔥🔥🔥 pic.twitter.com/CnbJsAnrWN
— EHF EURO (@EHFEURO) November 10, 2020