Во Унгарија потврдени се нови 4.140 случаи на коронавирус во последните 24 часа, а 103 лица починаа, објавено е на владината веб-страница за следење на епидемијата.
Во земјата има 88.737 активни случаи.
Во болниците има 6.153 пациенти, од кои 461 се на респиратор, пренесува МТИ.
Од почетокот на епидемијата, во Унгарија биле заразени 118.918 лица, од кои 2.596 починале.