Сакаме да ја видиме Северна Македонија како следна стартап нација или како стартап нација на Балканот, сакаме со вас да споделиме знаење и партнерство, да им помогнеме на вашите стартапи и да ги турнеме напред, рече израелскиот амбасадор, Дан Оријан на денешниот онлајн настан по повод почетокот на преакцелераторската програма „Напредни и апликативни технологии” на ПрајмПоинт.
Многу е важно, истакна Оријан, на агендата да не бидат само иновациите зашто тие се алатка. Битно е да се пренесат поракаите.
-Деновиве луѓето со посебни потреби во Северна Македонија креираат нови менори, свеќници, по повод нашата прослава на светлоста во декември. Годинава претседателот ќе биде тој што ќе ги запали свеќите. Низ процесот на создавање, всушност креираме натпревар на иновации. Ги поврзуваме иновациите со правењето добро што е многу важно за општеството, напомена амбасадорот кој воедно е и поддржувач на програмата заедно со Министерството за надворешни работи на Израел.
Според Зоран Мартиновски, еден од предавачите, за мали земји како нашата многу е важно да се потикнат иновациите како опција за конкурентност.
-Словенија и Израел се примери кои покажуваат како мали земји можат ефикасно да се натреваруваат на глобалниот пазар, па и со големи компании. Во регионот има многу стартапи на кои им треба „отворена врата”, но и подрдшка за развивање бизнис концепт. И големите компании како „Филипс” бараат партнерства со мали фирми зашто иновациите некогаш подобро се креираат во помали средини отколку во мега услови, истакна Мартиновски.
ПрајмеПоинт ќе им овозможи на компаниите учесници во преакцелераторската програма „Напредни и апликативни технологии” да ги добијат најдобрите стартап знаења од Израел, најдобрите практики, алатки и „ноу хау”. Предвидени се и дирекни средби со големи компании од Словенија, како и можности за средби со потенцијални инвеститории. По завршувањето на Програмата, компаниите учесници ќе добијат соодветни сертификати.