Мали се шансите Адеми да заигра против Грузија, дополнително повикан Тотре

Македонскиот фудбалски репрезентативец од редовите на повеќекратниот хрватски првак Динамо Загреб, Аријан Адеми поради повреда најверојатно ќе го пропушти историскиот натпревар за „црвено-жолтите“ против Грузија на 12. ноември во Тбилиси кој ќе се игра за пласман на ЕП-2020.Причина за осуството на Адеми на оваа финална средба ид ланското издание на Лига нации е повреда која ја заработи во неделата на загревањето пред првенствениот меч на својот Динамо Загреб против Истра. Дополнителните медицинските прегледи кој му беа направени на Адеми по пристигнувањето во Скопје потврдија дека стандардниот репрезентативец има парцијална руптура на предната ложа. Шансите да се опорави и да биде во конкуренција за настап за натпреварот во Грузија се минимални.

Селекторот на македонската репрезентација, Игор Ангеловски затоа го повика Енур Тотре од  тетовска Шкендија кој веќе се приклучи на репрезентацијата за ноемвриските натпревари. Покрај дуелот со Грузија, македонскиот тим го очекуваат уште две средби од групата 2 во Ц сегментот во  новото издание на Лига нации со Естонија на 15 ноември во Скопје и три дена подоцна со Ерменија на неутрелен терен во Никозија.

Македонската експедиција по денешните тренинзи на терените во СЦ „Петар Милошевски“, утре со чартер лет заминува за Тбилиси, каде в четврток од 18:00 часот ќе го одигра најзначајниот меч во совојата фудбалска-историја од појавувањето на меѓуанродната сцена.

Треба да знаете
Последни објави