„Мегзит“ е во англискиот речник, и воедно е официјален збор на годината

Речникот „Колинс“ ги објавува зборовите кои годинава цврсто се врежаа во британската лексика.

Речникот секоја година открива нови зборови и зборови на годината без оглед дали Британците мразат нови зборови и дали сакаат да го заштитат јазикот, или преферираат јазик што се развива – свеж со нови кованици, споени два збора и термини што рефлектираат поголем настан. Оваа година списокот на нови зборови е токму тоа.

Поприлично користен, многу актуелен термин кој се проби во списокот, и јазикот, е „Мегзит“ (неформална именка). Тоа е тема што ја подели нацијата – надуени пердуви и разбеснети ројалисти – и ова дојде неколку години по гласањето за Брегзит.

За разлика од заминувањето на Велика Британија од ЕУ, Мегзит се одвиваше глатко по објавувањето на војводата и војвотката од Сасекс на нивниот план да се повлечат од кралските должности во јануари годинава.

Колинс, кој адекватно ја следи употребата на зборови проучувајќи извори како што се весници и социјални медиуми, откри дека Мегзит е еден од најпопуларните нови записи во лексиконот. Според „Тајмс“, појмот првпат бил забележан во 2019 година, кога весниците го користеле за персоналот што го напушта домаќинството на војвотката, но стана многу актуелен по 8 јануари, кога парот ја објави намерата да се повлече.

Треба да знаете
Последни објави