Мишел: ЕУ продолжува со борба против тероризмот и заштита на демократијата

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел изјави дека ЕУ ќе продолжи да ги застапува своите вредности кога станува збор за борба против тероризмот и заштита на демократијата.

– Европа ќе продолжи да ја штити слободата на говор и меѓународниот дијалог, а нема да падне во стапица на оние кои поттикнуваат насилство, порача Мишел.

Тој, учествувајќи преку видео линк на конференцијата посветена на борбата против тероризмот и одговорот на последните напади низ Европа, а чиј домаќин беше францускиот претседател Емануел Макрон, ги повика сите земји членки на Унијата уште посилно да се заложат и соработуваат со цел да се подобри безбедноста во Европа.

– Борбата која заедно ја водиме против тероризмот е борба за одбрана на основните европски вредности, нагласи Мишел.

Тој посебно укажа на важноста на спречување и брзо отстранување на говорот на омраза и содржини кои поттикнуваат насилство, а се објавуваат на интернет.

Треба да знаете
Последни објави