Здружението на лекари специјализанти (ЗЛС) покренува иницијатива пред раководните и одговорни органи во државата детската болница „Козле” да се преименува во Трајче Нешковски, малдиот докор кој неодамна почина.
„Со овој чекор сакаме да ја подигнеме свеста за неговото дело, големина, заложби и пожртвуваност да помогне на пациентите и луѓето, но и на целиот здравствен систем. Сведоци сме за особеното ангажирање на Трајче Нешковски, од самиот почеток кога беше активно вклучен во работата на ковид-19 центарот во Детската болница ‘Козле‘ што дотолку повеќе ја потенцира неговата величина и го отсликува неговиот карактер и душа. Како негови колеги чувствуваме одговорност и потреба постхумно да направиме напори пред општество да ја издигнеме големината на Трајче – како благороден и хуман човек, здравствен херој, неговото дело да биде етаблирано и признаено, како во лекарската фела, така и во општеството. Да се обидеме неговото дело вечно да остане запаметено меѓу нас, предавајки го неговото наследство на идните генерации“, наведено е во петицијата.
Досега потпишани се над 700 луѓе.
Нешковски минатиот месец при возење доживеал срцев удар и се забил во дрво на „Рузвелтова“.Тој со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во „Мајка Тереза“ каде докторите час и половина се обидувале да го реанимираат.