Ние сме на 10-15 години од ЕУ, 2030 година е идеално сценарио да станеме членка. Се спротивставувам на тоа дека сега се одлучува за влегување во ЕУ, договорот е потпишан во време на влада на ВМРО-ДПМНЕ, имавме прва заедничка меѓувладина седница, без потпишан договор, во Ќустендил. Дел од овие работи за Коридорот 8 потекнуваат од тогаш. Договорот не ги решава прашањата сам по себе. Останаа отворени прашања уште тогаш, изјави поранешниот министер за надворешни работи, рече Никола Поповски во „Студио 10“ на ТВ24.
Според него, денес е многу тешко да речеме дека имаме црвени линии, не треба да се носат оценки за тоа што ќе се случи денеска на самитот во Софија.
-Може да замислиме дека Германците ќе ги притиснат Бугарите, тие ќе попуштат, но тука работата не е завршена. Но дали тоа ќе ја промени крајната цел на Бугарија, тука лежи вистинскиот проблем. Не гледам дека Заев и Османи одат со дефанзива во Бугарија. Тоа што сте потпишале нешто не ја сменило крајната цел кај другиот. Подобро да не потпишете. Нас никој не ни го бараше Договорот со Бугарија во 2017-та. Денес сме во иста позиција како и пред потпишувањето на договорот со Грција. Тие (власта) гледале само да добијат симпатии кај народот, рече Поповски во Студио 10 на ТВ24.