Почина поранешниот претседател на Мали, Амаду Тумани Туре

Поранешниот претседател на Мали, Амаду Тумани Туре почина на 72-годишна возраст, јавија американските медиуми.

Сенегалскиот претседател Маки Сал денеска на Твитер ја потврди смртта на поранешниот лидер на оваа централноафриканска држава.

Владата на Мали се уште не се огласи за смртта на поранешниот претседател, но најави дека се подготвува за соопштение.

Туре беше претседател на Мали од 2002 до март 2012 година, кога беше сменет со воен удар. Потоа, до декември 2019 година, тој живееше во егзил во соседната западноафриканска држава Сенегал.

Туре почина рано утринава во Турција, каде се наоѓаше на лекување, јави Радио Франс Интернешнл.

Треба да знаете
Последни објави