Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека сите руски вакцини против Ковид-19 се ефикасни и најави дека Русија наскоро ќе ја регистрира третата вакцина против коронавирус, објави РИА.
Путин рече дека Москва е подготвена да соработува со сите други земји за вакцини против коронавирус, но тој исто така повика овие процеси да не се политизираат, објави „Ројтерс“.
Изјавата на Путин дојде еден ден откако производителите на вакцини „Фајзер“ и „Бионтек“ изјавија дека нивната вакцина против коронавирус е ефикасна повеќе од 90 проценти.