Рајан Рејнолдс во преговори за купување на велшки фудбалски тим

Актерот Рајан Рејнолдс, ѕвездата од „Дедпул“, би можел да биде следниот сопственик на „Врексхем АФЦ“, откако е најавено дека тој и неговиот колега актер Роб Мекелхен, доставиле планови за купување на фудбалскиот клуб, според Одборот на поддржувачи на Врексхем.

Во изјава, Одборот наведува: „Преговорите со предложените понудувачи продолжуваат и ние сме во позиција да потврдиме две лица заинтересирани да инвестираат во Врексхем. Во догледно време, господин Мекелхен и господин Рејнолдс ќе ја откријат нивната визија за Врексам АФЦ како и предлог за кој ќе гласаат членовите на второто Специјално генерално собрание.“

Рајан и Роб ги изложија своите планови за клубот – кој е во сопственост на навивачи од 2011 година – во текот на виртуелна средба со Одборот поддржувачи од доверба во неделата (8 ноември). За време на средбата, тие изјавиле дека и двајцата планираат да присуствуваат на што поголем број на натпревари на клубот.

Гласањето започна во понеделник, а членовите на Одборот имаат рок до 15 ноември да го дадат својот глас. Рајан и Роб треба да имаат најмалку 75 проценти од гласовите во нивна корист за да се одобри купувањето.

Треба да знаете
Последни објави