Владата предводена од СДСМ, во период на сериозна здравствена и економска криза предизвикана од пандемијата со коронавирусот континуирано работи на зајакнување на здравствениот систем и обезбедување силна помош и поддршка за секој граѓанин и секоја компанија погодени со кризата.
Со ребалансот на Буџетот за 2020 година, усвоен од паралментарното мнозинство предводено од СДСМ се обезбедуваат средства за реализација на четвртиот пакет мерки вреден 470 милиони евра.
За спас на 83.000 работни места и субвенционирање на вкупно 250.000 плати за месеците октомври, ноември и декември во висина од 14.500 до 21.776 денари, се наменети 70 милиони евра.
Со 27,6 милиони евра ја стимулираме приватната потрошувачка преку платежни картички од 6.000 денари за 283.000 наши сограѓани.
Во рамките на четвриот пакет антикризни мерки се обезбедени сериозни средства за поддршка на туристичко-угостителскиот сектор, занаетчиите и вршителите на самостојна дејност, во вид на грантови, бескаматни кредити, одложување на кредитните обврски, намалување на давачките.
Дополнителни 243 милиони денари се наменети за справување со здравствените последици од коронавирусот, кои ќе бидат распределени за набавка на лекови, вакцини и тестови за ковид 19.
Од овие 243 милиони денари, 54 милиони денари се за награда на сите здравствени работници вклучени во третманот на пациентите заболени од корона вирусот, во сите ковид центри низ државата.
Истовремено, со ребалансот се обезбедуваат и средства за финансирање 19 капитални проекти на локално ниво во десетици општини низ државата.
СДСМ како одговорна партија, во време на сериозна здравствена и економска криза, застанува на страната на секој еден граѓанин и на секоја една компанија, погодени со последиците на пандемијата.