Талибанците во Авганистан денеска го повикаа новоизбраниот американски претседател, Џо Бајден, да се придржува до договорот со нив и да ги повлече американските трупи од Авганистан.
Според претходниот договор САД почнаа со повлекување на своите трупи и се треба да биде завршено до мај, додека во меѓувреме талибанците ќе треба одржат мировни преговори со официјален Авганистан во Доха.
„Сакаме да им кажеме на новоизбраниот претседател на САД и на неговата администрација дека најразумен и најдобар начин да се стави крај на конфликтите е исполнување на договорот што го постигнавме”, соопшти милитантната група, за првпат коментирајќи ги изборите во САД.