Филипче: Забрана за групирање на повеќе од четири лица и во текот на денот

Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес-конференција објави дека вчера по предлог на здравствените власти, Владата ја одобрила новата мерка со која се забранува групирање на повеќе од четири лица во текот на денот.

„Вчера предложивме некои мерки, кои Владата ги прифати, ова е ограничување за групирање на повеќе од четири лица, ноќе и дење, нормално со исклучоци, како што се настани и места каде што има протоколи“, рече министерот Филипче.

Треба да знаете
Последни објави