Телевизијата Фокс њуз синоќа го прекина емитувањето на говорот на Кејли Мекенани, портпарол на Белата куќа, поради тврдењата дека демократите охрабрувале лажно и незаконско гласање, а не покажала докази за тоа.
-Во Америка постои само една партија која не им дава на набљудувачите да влезат во собата каде што се бројат гласовите, и таа партија, пријатели мои, е Демократската партија. Не се противете на ревизија на гласањето затоа што саката точни бројки…. Заземате таков став бидејќи охрабрувате измама и охрабрувате незаконско гласање, изјави Мекенани.
Меканани се обраќаше од седиштето на Националниот републикански комитет, и Нил Кавуто, водителот на програмата која моментално одеше на Фокс њуз, го прекина емитувањето во живо со израз на изненадување. Од телевизијата подоцна изјавија дека тоа не било одлука на уредниците туку на самиот Кавуто.
-Сметам дека треба да ни биде јасно дека таа ја обвинува другата срана дека охрабрува измами и незаконско гласањње. Нема да седам спокојно и да да продолжам со емитувањето на ова, ако таа нема дополнителни детаљи да го поткрепи тврдењето,” изјави тој.
Фокс њуз и во минатото критикуваа официјално лица од Администрацијата на претседателот Доналд Трамп. Топло-ладно односите продолжија и минатата недела, откако, по низа други американски медиуми, и Фокс њуз објави дека победник на изборите е деократскиот претседателски кандидат Џо Бајден.
The gig economy has affected so many. pic.twitter.com/n0NXNyGyEN
— The Recount (@therecount) November 9, 2020