Откако американскиот министер за правда Бил Бар ги овласти сојузните обвинители да покренат истрага за нерегуларности на претседателските избори во САД, шефот на Одделот за изборен криминал при министерството одлучи да поднесе оставка.
„Откако се запознав со новата политика и нејзините последици, со жалење морам да се повлечам од мојата улога како директор на одделот за изборен криминал“, напиша Ричард Пилгер во електронската порака до своите колеги, објави „Њујорк тајмс“.
Пилгер, наводно, рекол дека ќе добие друга улога во Министерството за правда и ќе работи на одделот за гонење на корупција.
BREAKING: Attorney General William Barr has authorized federal prosecutors to pursue “substantial allegations” of voting irregularities before the 2020 presidential election is certified. (Per AP)
— Jenn Franco KESQ (@jennfranconews) November 9, 2020
Претходно, Одделот за изборен криминал не преземаше отворени истражни чекори сè додека не завршат изборите, но таквиот пасивен и одложен пристап за спроведување, според Бар, може да резултира со ситуации во кои изборните неправилности не може реално да бидат исправени.
Новата политика на Бар дозволува истраги и ревизии ако има јасни и очигледно веродостојни тврдења за неправилности кои ако се точни, потенцијално можат да влијаат на резултатите.
Here is the email that Richard Pilger sent out to his colleagues before resigning this evening. pic.twitter.com/ghJJEVEf71
— Jon Hansen (@JonHansenNews) November 10, 2020
Апелирајќи обвинителите да ги решат овие обвинувања на „навремен и ефикасен начин“, Бар предупреди дека тие треба да ја одржат апсолутната посветеност на Министерствот за правда на правичноста, неутралноста и непартизацијата и да не покренуваат истраги засновани на „специфични, шпекулативни, нереални или неосновани тврдења “.
Според „Тајмс“, Бар веќе одобрил истрага за обвинувањата на републиканците дека во Невада имало гласачи кои немале право да гласаат, а во Пенсилванија имало гласови испратени по пошта со сменет датум.
Иако демократот Џо Бајден прогласи победа во саботата, Доналд Трамп го оспори тоа пред суд.
Ниту една од државите сè уште не ги потврдила своите изборни резултати, а во тужбите на Трамп се бара ревизија на гласањето во повеќе држави во кои неговото рано водство беше збришано со гласовите испратени по пошта и пребројани долго по денот на изборите.