Џорџ и Амал Клуни чекаат бебе

Додека голем број од светските медиуми на големо пишуваат дека Џорџ Клуни и неговата сопруга Амал ќе се разведуваат, сега во јавноста се шпекулира дека познатата двојка чека бебе.

Вечерни.хр пишува дека двојката е посреќна од кога било претходно и дека наскоро би можело да им се приклучи уште едно бебе.

Астро аналитичарката Анџелка Субашиќ, ги опишува Џорџ и Амали како одличен пример за тоа како би требал да изгледа односот меѓу двајца партнери. Таа вели дека и двајцата се надополнуваат, меѓусебно си го даваат она што на едниот понекогаш му недостастува.

Тоа е заедничкото кое го имаат на високо ниво во нивната љубов, смета Анџелка. За разлика од натписите во кои се тврди дека двојката ќе се разведе, Анџелка верува дека среќата штотутку им тропнала на вратата.

„Иако ги имаат тригодишните близнаци, ќерката Ели и синот Александер, многу брзо може да се случи и нова бременост“, изјавила Анџелка.

Веста за можната принова доаѓа како изненадувае, затоа што веќе некое време се шпекулира за нивниот развод. Џорџ долго време бил заробен во несреќен брак и чувствува дека е подготвен да започне ново поглавје во неговиот живот.

„Тоа јасно ѝ го даде до знаење на Амал“, открива извор близок до холивудскиот глумец и потврдил дека за двајцата нема враќање по старо.

За потсетување, двојката се венчаше во 2014 година, а нивната венчавка беше една од најочекуваните таа година. И покрај напнатоста во бракот, за која се пишува во изминатите неколку месеци, сепак Анџелка верува дека за нив надоаѓа возбудлив период.

Треба да знаете
Последни објави