Новоизбраниот претседател на САД Џо Бајден денеска на Твитер објави дека тој и новоизбраната потпретседателка Камала Харис не губат време и подготвени се да го стават новиот коронавирус под контрола.
– Камала Харис и јас не губиме време. Подготвени сме да го ставиме Ковид-19 под контрола за да можеме безбедно да ги отвориме повторно нашите деловни активности и училишта, да продолжиме со нашите животи и да ја оставиме зад себе оваа пандемија, истакна Бајден.
Тој вчера го објави составот на својот иден тим против Ковид-19.