Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека денеска, поради дефект на приклучна цевка со пречник ф-2 (цол), на улицата Мирослав Крлежа бр. 20, прекин во водоснабдувањето ќе имаат корисниците на дел од улицата Мирослав Крлежа, односно потегот од булеварот Климент Охридски до улицаата Аминта Трети.
Водоснабдувањето ќе биде во прекин од 9 часот до завршување на работата (општина Центар).