Министерката за надворешни работи во Советот на министри на БиХ, Бисера Турковиќ, соопшти дека на денешниот состанок на балканските лидери и ЕУ во Софија потпиша документи од Берлинскиот процес, со кои БиХ се приклучува на новиот заеднички регионален пазар и на Зелената агенда за Балканот.
– Нашиот регион ги прифаќа стандардите на заедничкиот пазар на ЕУ и го забрзува својот пат кон ЕУ. Заедно сме посилни, напиша Турковиќ на Твитер.
Европската комисија претходно соопшти дека регионалната економска заедница ќе донесе значителни придобивки за компаниите и граѓаните.