Резултатите од последната фаза од тестирањето на вакцината на
Универзитетот Оксфорд ќе бидат објавени до крајот на декември. Фармацевтскиот гигант AstraZeneca, кој ги поседува правата на вакцината, потврди дека очекува податоци за ефективноста на експерименталната вакцина за неколку недели отсега.
Тие резултати потоа ќе бидат испитани од страна на регулаторот MHRA, кој ќе одлучи дали вакцината може да се продава комерцијално. Ако се покаже дека функционира, вакцината ќе почне да се дистрибуира уште во декември годинава.
Од AstraZeneca изјавија дека во текот на овој оследен квартал направиле доста голем напредок особено со оглед на пандемијата на КОВИД-19. Ги отфрлија тврдењата дека правеле паузи во тестирањето затоа што некои од доброволците се разболеле во текот на тестирањето и добиле симптоми за кои се верувало дека се предизвикани од вакцината.
Вкупно 44 кандидати за вакцина против КОВИД-19 поминуваат низ клиничките испитувања. Од нив 9 се во последната трета фаза и се даваат на илјадници доброволци. Сепак, две се напред во оваа трка – едната е на германската биотехнолошка компанија BioNtech и американската фармацевтска компанија Pfizer додека другата ја развиваат Универзитетот Оксфорд и AstraZeneca.