Во Косово, пет лица починаа од ковид-19 во последните 24 часа, додека регистрирани се 569 нови случаи.
Според Националниот институт за јавно здравје на Косово, во последните 24 часа тестирани се 1.559 примероци од кои 569 биле позитивни на коронавирус. Најголем број на новозаразени има во Приштина, 295 случаи.
Од почетокот на тестирањето во февруари, на Косово биле тестирани вкупно 110.041 лице, од кои 25.388 биле позитивни на коронавирус, со 773 смртни случаи.
Во последните 24 часа биле излекувани 136 лица, така што бројот на закрепнати се зголемил на 16.362.
Како активни заразени се водат 8.253 случаи.