Двајца скопјани ги изгубиле животите синоќа во тешка сообраќајка која се случлила во Чешка, објави Фактор.мк.
Станува збор за млади луѓе кои биле тргнати на пат да се вратат дома – за жал не успеале. М.Б имал 30 години, а Д.Б 27 години. Сообраќајката се случила на автопатот Прага-Усти во Лаба во Чешка.
Чешките медиуми велат дека автомобилот излетал од патот и удрил во мостот кој водел во правец кон Усти на Лаба.
„Според првичните сознанија, возило марка „БМВ“ излегло од автопатот, по што две лица, возач и сопатник, починаа на самото место“, изјавила портпаролката на полицијата Вероника Хиплерова.
Полицијата се огласи и истакна дека ќе ги истражува причините за настанатата незгода