Германската канцеларка Ангела Меркел во двете јавувања на самитот за Берлинскиот процес во Софија по видеоконференциска врска го честиташе формирањето заеднички пазар и пазар на трудот на земјите од Западен Балкан и за постигнатиот договор меѓу нив за т.н. зелена агенда.
Таа рече дека овој самит е тежок но покажале дека може да се организира и во вакви услови. Ова ќе даде импулс како за народите во регионот така и за компаниите, рече Меркел поздравувајќи ја согласноста околу зелената агенда, т.е. економија без јаглен двооксид.
Берлинскиот процес, рече канцеларката, ќе придонесе и за помирувањата од минатото, во соработката во науката, во развојот, иновацијата.
-Берлинскиот процес секогаш е поврзан со помирувањето на несогласувањата и проблемите од минатото и се надеваме дека и овојпат ќе помогне.Она што мора да го кажам е дека мора да се согласувате. Не заборавајте го тоа, затоа што е многу важно. Ве поканувам сите да дојдете во Берлин на лето, да измериме до кај сме стигнале со Берлинскиот процес, порача Меркел на крајот.