Нова провокација од Софија: Во Македонија живеат мнозинство жители со бугарска националност!

Бугарската академија на науките го поддржува ставот на владата за рамката за преговори за пристапување на Република Македонија во ЕУ. Ова се наведува во платформата на БАН, пренесена во бугарските медиуми.

Од Академијата се категорични дека ќе продолжат да ја бранат со научни средства историската вистина за минатото на историско-географскиот регион на Македонија, вклучително и бугарската етничка и културна припадност на мнозинството од нејзините жители.

Бугарската академија на науките, верна на своите традиции да се грижи за проучување на бугарските земји и природата, бугарскиот начин на живот, јазикот на литературата, бугарската историја, го следи со изострено внимание развојот на односите меѓу Софија и Скопје.

БАН ги оценува како плодотворни напорите на бугарската влада да ја натера Република Македонија да ги прифати вредностите на Европската унија.

Во исто време Бугарската академија на науките ја поддржува позицијата на владата кон Европската комисија дека не ја прифаќа тековно предложената рамка за преговори за Република Македонија и нацрт-декларацијата во врска со тие преговори, се вели во соопштението.

Во врска со ова се наведува дека БАН цврсто ќе ја брани со научни средства историската вистина за минатото на историско-географскиот регион на Македонија, вклучително и бугарската националност и културната припадност на мнозинството од нејзините жители.

Академијата ќе продолжи со истражување на темата „Македонија“ и популаризација на резултатите, без оглед на политичките влијанија и аспирациите на одредени кругови во Р. Македонија за трансформација на минатото, се вели во платформата на БАН.

Треба да знаете
Последни објави