Неколку години беше хаотично за поранешниот принц на Романија , кој неговиот дедо му го одзеде статусот по раѓањето на вонбрачно дете.
Но деновиве, има среќна вест за поранешниот принц Николас Де Румани Медфорт-Милс и неговата сопруга Алина Марија, бидејќи парот го слави раѓањето на нивното прво дете заедно, ќерката Марија Александра де Румани.
Двојката ја објави бременоста на почетокот на оваа година: „Ми претставува огромно задоволство да ја споделам радоста што сопругата Алина-Марија е бремена со нашето прво дете. Раѓањето се очекува во ноември. Нашето дете ќе се воспитува со почит кон нашите предци и нивните меѓународни вредности во духот на одговорност и љубов кон нашата земја.“
Роден на 1 април 1985 година, Николас е единственото дете на принцезата Елена од Романија и Робин Медфорт-Милс и е внук на поранешниот крал на Романија, Мајкл Први, кој беше принуден да абдицира од престолот во 1947 година.
Николас беше отстранет од редот на сукцесија во 2015 година, по раѓањето на вонбрачно дете. Во тоа време, во изјава, неговиот дедо рече: „Николас во наредние години ќе најде соодветен начин да им служи на идеалите и да ги користи квалитетите што Бог му ги дал“.