Поплави во источниот дел на грчкиот остров Крит

Обилниот дожд во текот на текот на ноќта и рано утрово, предизвика поплави во источниот дел на грчкиот остров Крит. Поплавени се домови и улици, автомобили се нашле во морето, а противпожарната служба на Грција примила 230 повици за интервенција, од кои дел биле и за пренесување на граѓани од поплавените делови.

Според метеоролошката служба на Националната опсерваторија во Атина, од вчера до 9 часот утрово во делови на Крит биле регистрирани нешто помалку од 100 милиметри дожд.

Треба да знаете
Последни објави