Тејлор ќе биде на центарот во Тбилиси

УЕФА одреди англиска судиска четворка предводена од Ентони Тејлор да дели правда на историскиот меч меѓу Грузија и Македонија во Тбилиси, кој ќе се одигра в четврток (18 ч.). Него ќе му асистираат Гери Бесвик, Адам Нун и Крег Поусон.

Двете репрезентации во оваа пресметка немаат право на грешка, а влогот им е настап на ЕП-2020 кое ќе се одиржи идната година.

Тејлор е искусен фудбалски судија. Во Премиер лигата дели правда од 2010 година. Англичанецот има 42 години, а знакот на ФИФА го има од 2013 година.

Тејлор и судеше на Македонија во евроквалификациите за пласман на ЕП 2016, во Скопје против  Белорусија која победи 1-2 во март 2015 година.

Треба да знаете
Последни објави