Сузана Турунџиева и Атиџе вчерашниот ден го поминаа во заедничка дружба – шетале низ Скопје, биле на изложба, пееле и, на крај, отишле и на шопинг.
Изгледа дека Сузана Турунџиева и Атиџе станале многу добри пријателки. Според фотографиите што ги сподели Сузана, тие во текот на вчерашниот ден биле на изложба, отишле на шопинг, а Турунџиева ја однела Атиџе и во училиштето во коешто предава.
Најпрво водителката сподели неколку фотографии од неа и Атиџе направени во центарот на Скопје.
„Скопје е убаво, ама Бекирлија не ја дава за Скопје… Атиџе – one and only (една и единствена)“, стои во описот на објавата.
Потоа водителката сподели и забавно видео на кое свири на клавир, а заедно со Атиџе пеат песна на турски.
„Кога ти е Атиџе инспирација, и на турски ќе пропееш“, напишала водителката.
Сузана ја однела Атиџе и на изложба на Решат Амети во Даут Пашин Амам:
„Атиџе и јас имавме чест да ја посетиме прекрасната изложба на Решат Амети и лично да го запознаеме авторот“.
Водителката предава во основното училиште Гоце Делчев, па решила да ја однесе Атиџе и таму.
„Само тој што сонува и верува во себе има можност многу да научи во животот, иако (за жал) никогаш не одел во училиште. Атиџе – една и единствена“, стои во описот на фотографијата.
За крај, водителката и Атиџе биле на шопинг, а таа сподели фотографија и од тој момент:
„Кога шопингот ти е песна…“