Барди не патува со македонската експедиција во Грузија

Новиот проблем за македонскиот фудбалски селектор Игор Ангеловски – Мрме пред утрешниот историскиот финален натпревар од Лигата на нации против Грузија во Тбилиси, кој носи пласман на завршницата од ЕП-20202 презакажано за идното лето е Енис Барди. Еден од најдобрите македонски фудбалери, членот на шпанскиот Леванте, Барди не е меѓу патниците за Тбилиси кои утрово во 10 часот треба да летнат за грузиската престолнина. Барди се повредил на вчерашниот последен тренинг. Има болки во ’рбетот и дијагностицирана е дискус – хернија, поради што тој не може нормално да се движи и ќе остане да се рехабилитира во клиниката „Систина“.
Поради позитивни тестови на коронавирусот отпаднаа и Кире Ристески и Крсте Велкоски.

Треба да знаете
Последни објави