Шпанскиот фудбалски гигант Барселона западна во финансиска криза. Нејзините долгови изнесуваат 820 милиони евра. Половината од таа сума тимот од „Камп Ноу“ мора да ја врати до следното лето, инаку ќе се соочи со банкрот.
Клубот почна да прговара со фудбалерите за да им се намалат плати, за да собере дел од парите за да го подмири долгот, а сега реши и да си ги побара и 10 милиони евра од Нејмар, кои му ги исплатиле по грешка !
Барселона бара бразилскиот интеранционалец да и врати 10 милиони евра кои му ги исплатиле без никаква причина. Клубот направил грешка во пресметката при престојот на Нејмар во тимот и му исплатиле 10 милиони евра повеќе од потребното.



