Стопанската Комора за Енергетика на Македонија по земјотресот во Маврово кој рано утрово ги вознемири граѓаните во Скопје и во западниот дел од земјава, реагираше на својата официјална Фејсбук страница, со фрапантен податок:
„ЗЕМЈОТРЕСИТЕ настануваат како последица на ,, неконтролираното ,, празнење и полнење на езерата… !!! … Исто тоа се случи 1963, многу дожд и наеднаш земјотрес…
Денес во 4:54 часот во Маврово со 5.5 степени е последица од празното езеро кое сега наеднаш се полни, а тоа предизвикува оптеретување на земјините плочи и предизвикува притисок и поместување !!! … Со природата нема ,, ШЕГА“, Оваа арно, НЕ е на арно !!!.., послушајте ги експертите од Стопанската Комора за Енергетика на Македонија“, стои во нивната објава.



