За Тбилиси нема да патуваат двајца репрезентативци поради позитивни тестови на коронавирусот

Македонската фудбалска експедиција утрово во 10 часот од Скопје со чарте лет треба да замина за Тбилиси каде утре (18 ч.) против домашната селекција Грузија ќе го одигра историскиот натпревар за премиерен пласман на Европско првенство. Но, неочекувано македонскиот селектор Игор Ангеловски – мрме мора принудно да го скуси списокот со кандидатите за составот на тимот за двајца играчи кои на последното тестирање пред тргнувањет за Тбилиси имаа позитивни тестови на коронавирусот.

Од конкуренција отпаѓаат Кире Ристевски и Крсте Велкоски поради позитивните тестови, а иако ќе патува со тимот неизвесен е настапот на Енис Барди кој се жали на болки во  ‘рбетот при секој обид да шутира.

Пред овие неочекувани елиминации од комбинација отпадна и Аријан Адеми исто така поради повреда. Новонастанатата ситуација во македонската репрезентација донесе и шпекулациите дека капитенот на хрватскиот првак Адеми ќе стисне заби и со инјекција против болки ќе се обиде да им помогне на соиграчите во  најважниот меч за мак-фудбалот.

Треба да знаете
Последни објави