Македонската фудбалска репрезентација веќе е во Тбилиси, каде утревечер од 18 часот на „Динамо арената“ ќе го одигра наважниот натпреавр во својата историја од појавувањето на меѓународната сцена. Иста тежина и предизвик ќе има и домашната селекција Грузија. Двете репрезентации од овој судир можата да извадат билет за премиерен настап на завршницата од ЕП-2020.
Македонија дојде со кадровски проблеми поради повреди и позитивни тестови на коронавирусот ќе ги нема на располагање Енис Барди, кире Ристевски и крсте Велкоски, а домаќинот Грузија поради коронавирус ќе го нема Квича Кваратскелија, кој даде гол на минатомесечниот дуле во Скопје од новото издание на Лига нации, а изнуди пеналот во Тбилиси во септемврискиот дуел. Двете средби завршија без победник со идентични 1:1. Третата пресметка мора да донесе победник кој ќе биде учесник на ЕП.
Грузија како и Македонија во овој натпреавр гледа шанса да испише историјас. Сите со нетрпение го очекуваат дуелот и веруваат дека можат во третиот меч да ја совладаат македонија. Отар Китеишвили е офанзивниот фудбалер за врска од австриски Штурм, кој треба да биде една од главните опасности по голот на „црвено-жолтите“.
-Македонија е добра селекција, има одлични играчи, кои играат во најсилните лиги, но тие не се таква класа или супериорни за да не може да ги победиме. И ние исто така имаме фудбалери кои играат на врвно ниво. Убеден сум дека ние како тим сме подобри, а тоа го видовме и во претходните два меча, кога ги контролиравме случувањата, но за жал Македонија двапати се врати и тие средби потоа отидоа во друг правец. Мислам дека ние сме во предност и ќе ја искористиме таа предност, вели Китеишвили.
Сепак, тие два меча треба да ги оставиме на страна, ова е еден сосема поинаков дуел. Тука сега ќе има тензија, ќе биде тежок меч, сепак е дуел со голем влог. Мислам дека може да биде решавачко тој што прв ќе даде гол, но мора да сме максимално концентрирани, да не ни се случи како во Скопје да примиме гол во завршницата“, вели Китеишвили.
Тој потенцира дека цела Грузија е на нозе и со нетрпение се чека мечот, на кој може да се напише историја и да се направи горда земјата, а фудбалот да доживее најголема радост.



