Претседателот на УМС Аеродром поставил плакат од Филипче портретиран како озогласениот косач, симбол на смртта

Членот на ИК на УМС на ВМРО – ДПМНЕ и претседател на УМС Аеродром, Стефан Синадиновски денеска беше снимен како поставува плакат од министерот за здравство, Венко Филипче, во кој е портретиран како озогласениот косач, симбол на смртта, објави Локално.мк.

Овие „акции“ доаѓаат во време кога Македонија брои рекорден број на жртви од коронавирусот, а неговата партијата секојдневно бара оставка од Филипче. Сметаат дека токму актуелната власт е виновна за ваквата состојба во здравството, а дел од јавноста коментира дека оваа е уште еден дефокус од нивната вина за не преземање одговорност за своето владеење и работа токму во здравството, коеденеска велат декае на колена.

Инаку Синадиновски е познат на јавноста откако беше дел од групата членови на партијата кои пред една година беа повикани во полиција поради постоење основи на сомнение дека оштетиле туѓи предмети.

Треба да знаете
Последни објави