Нешто пред 13 часот и 30 минути нов земјотрес со јачна од 3.6 степени според Рихтер повторно ја стресе Македонија, а час претходно имаше уште еден земјотрес кој пак беше нешто појак односно 3.8 степени по рихтер. Епицентрот повторно е во Мавровскиот дел, а тој е веројатно уште еден автершок на оној утрискиот од 5 степени.
За среќа освен вознемиреност кај граѓаните, досега не се регистрирани штети, а доколку ги има, тие да може да се пријават во Центарот за управување со кризи на телефонскиот број 195.
Според досегашните податоци земјотресот најсилно бил почувствуван од населението во Гостивар и Маврово со 5 степени според Европската макросеизмичка скала, во Тетово и Скопје со4 степени.
Земјотресот бил почуствуван и во соседните земји, но со многу послаб интензитет.



