Ангеловски и Пандев од Тбилиси најавуваат победа за Македонија пласман на ЕП

Македонската фудбалска репрезентација има малку време за адаптација во грузиската престолнина Тбилиси, каде пристигна околу пладне, а веќе утре (18 ч.) ќе го одигра историскиот меч со домашната селекција за пласман на ЕП. Ова ќе биде финален натпревар од минатогодишното издание на Лига нации од кој двете селекции очекуваат да испишат историја за своите репрезантации. Изминативе два месеци во новото издание од Лига нации имаа две сосочување во Скопје и Тбилиси и двете завршија без победник со идентичен резултат 1:1.

Македонскиот селектор Игор Ангеловски – Мрме и капитенот Горан Пандев од прес конференцијата пред мечот во Тбилиси испратија порака дека македонскиот тим има квалитет и желба да го оставри скоро тридеценискиот сон настап на завршница на ЕП.

-Имаме неколку фудбалери кои не допатуваат но имам на располагање 21 фудбалер кој се тука подготвени да ни го донесат пласманот на ЕП. Подготвени да одиграат за себе и за сите нас во Македонија. Ние играме финале и нема штедење – вели Ангеловски и додава:

-Сакам јавно да се заблагодарам на нашиот Горан Пандев. Ако некој е заслужен за тоа што сме овде е само тој кој сега е до мене. Точно пред пет години прифати да се врати во репрезентацијата и да го поведе овој тим, во кој јас верував уште од почетокот, до овој степен. Горан, ти благодарам и сакам утре да ги поведеш овие твои и мои браќа до пласман на ЕП, рече Мрме.

Капитенот на македонската репрезеннтација Пандев смета дека шансите се подеднакви за двете селекции да дојдат до толку посакуваната победа. Ќе биде тешко но очекува на крајот македонскиот тим и целата спортска ајвност во земјава да се радува.

-Шансите се 50-50, жал ми што не се тука Барди, Кире, Крсте и другите, знаеме дека со срцето се со нас, ќе ги израдуваме утре, тоа е нашата цел, победа е прва опција. Утре ќе го покажеме својот квалитет, момците заслужуваат да играат на ЕП – порача Пандев.

Треба да знаете
Последни објави