Денот кога на свет дошла некоја личност која нам ни значи е најважен ден за нас. На секој можен начин гледаме да ја изненадиме и израдуваме. Скапиот подарок не укажува колку некого сакаме, некогаш некој убав збор има поголемо значење и вредност. Таков е случајот на Весна Бејби Петрушевска која јавно напиша емотивни зборови со кои ѝ го честиташе роденденот на ќеркичката Мина. На тој начин Весна повторно покажа дека децата се најдрагоцено нешто на секоја мајка.

– Мина денес полни 16 години, таа е најубавото нешто што ми се случило во животот, мојот најголем херој, борец и бескрајно топол човек. Неверојатно колку има насмевка на сите премрежја што ги минува. Таа е љубов и суштина. Таа е копнеж и светлина. Таа е небото по кое јас стапнувам. Таа е живот во животот. Мина, среќен маме. Tи си ангел, напиша Бејби на Фејсбук.
Преземено од Вечер



