Дваесет и четворица млади синдикалци беа дел од онлајн работилница што се спроведе како дел од проектот „Заштитете го правото на вашите права” реализиран од страна на Синдикалниот центар за едукација и обуки и Секцијата на млади при Синдикатот на УПОЗ. На онлајн работилницата која се одржа преку платформата ZOOM, младите синдикалци ги споделија своите искуства за проблемите со кои се соочиле за време на вонредната состојба. Главен акцент беше ставен на повредата на правата од работен однос и социјалните права, а беа презентирани и сите достапни механизми за заштита.
– За време на вонредната состојба, младите учесници имаа можност да посетат голем број курсеви, обуки преку интернет, кои во тој момент беа новина, но ваквиот вид на едукација во овие моменти можеби е единствениот начин да ги пренесат своите искуства за повреда на правата од работен однос. Имено, на оваа работилница им беа презентирани и сите достапни платформи како што се ZOOM, MENTIMETER, PADLET, JAMBOARD и слично, со цел доколку и понатаму продолжи ова состојба, истите да бидат подготвени за делување, информираа денеска од Синдикатот на УПОЗ.
Проектот се реализира од 1 август до 30 ноември и е финансиски поддржан од Европската младинска фондација на Советот на Европа.