Над еден милион случаи на Ковид-19 во САД во првите десет дена од месецов

Повеќе од еден милион случаи на коронавирус се регистрирани во САД во првите десет дена од овој месец.

САД постигнаа рекорд и на хоспитализирани лица, кои моментно изнесуваат 61.964.

Во земјата има и по повеќе од 100.000 заразени дневно, но и просечно по 930 смртни случаи за едно деноноќие.

Тексас е првата американска сојузна држава со над еден милион заразени случаи со Ковид-19. Оваа држава има повеќе заразени со коронавирус од цела Италија.

Следен рекорден број на заразени и починати има во Висконсин, каде гувернерот Тони Еверс ги повика жителите да останат во своите домови, а компаниите да им овозможат на луѓето да работат од дома, да носат заштитни маски и да се ограничи персоналот на работното место.

Треба да знаете
Последни објави