Заминуавњето од редовите на Јувентус на еден од најдобрите фудбалери на денешницата, искусниот 35-годишен португалски ас Кристијано Роналдо е се почеста тема деновиве во италјанските медиуми. „Старата дама“ сака да се раздели со Португалецот поради неговата голема плата.
Денес „ЕСПН“ и голем дел од англиските медиуми објавија дека Роналдо би можел да се врати во Манчестер јунајтед. Роналдо во Јувентус дојде за да му помогне во освојувањето на Лигата на шампионите и во тоа засега не успеа. Неговата плата од 31 милион евра по сезона е голем терет за клубот од Торино во ситуација кога во светот владее финансиска криза поради пандемијата со коронавирусот.
Англичаните сега тврдат дека и Роналдо би можел да биде расположен за враќање во Јунајтед, меѓутоа под еден услов, да потпише едногодишен договор.Се шпекулира и тоа дека сумата за висината на трансферот дека ќе изнесува околу 100 милиони евра.



