Селекторот на косовската фудбалска репрезентација заразен од коронавирус

Селекторот на косовската фудблска репрезентација, Бернард Шаландес е позитивен на Ковид-19, објави денес Фудбалската федерација на Косово (ФФК).

На тестирањето за членовите на федерацијата пред денешниот пријателски натпревар со Албанија во Елбасан, позитивен на коронавирусот резултирал уште еден член на тимот, односно лицето одговорно за опремата на фудбалерите.

– Тие веќе се изолирани од останатиот дел од тимот до наредното тестирање, кое е планирано за в четврток, за натпреварот со Словенија. Поради тоа, денешниот пријателски натпревар со Албанија ќе го води првиот помошник тренер, Мухарем Саахити, соопшти ФФК.

Треба да знаете
Последни објави