АОПЗ и Црвен крст ќе доделат 7 000 сета на ученици од малцинските заедници

Агенцијата за остварување на правата на заедниците (АОПЗ) во рамки на проектот „Зајакнување на демократијата преку унапредување и заштита на правата на заедниците„ којшто директно е поддржан и финансиран од Европската унија, денеска ќе го посети ОУ „Тефејуз” во Општина Чаир каде наставата се одвива на турски образовен јазик.

Целта на оваа посета, како што информираат од АОПЗ, е започнување на проектот за доделување на преку 7 000 ученички сета надополнети со маски и дезинфекциони средства кои се пакувани во Црвен крст, а се согласно мерките за заштита од Ковид-19 во преку 60 основни училишта во Северна Македонија, каде што учат ученици од помалубројни заедници.

Според најавата од АОЗП, на настанот е придвидено да присуствува и раководителот на Секторот за европски прашања, градење институции, прекугранична соработка при Делегацијата на ЕУ во државава, Фрејк Јанмат, заменик министерот во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, Илхан Рахман, како и заменик директорот на АОПЗ, Џелал Хоџиќ.

Треба да знаете
Последни објави